3.5.17

Легенди на едно faux-пштество

Актуелната „епопеја“ во Собранието на Македонија се’ повеќе ме потсеќа на финалното откровение на главниот лик од "I am Legend" (книгата):


17.11.16

За релативноста на времето и апсолутноста на парите: случајот „Нитаи“

Ти велат: „ексклузивен солистички концерт“ на „пијанист и композитор (...) познат по својата виртуозна инструментална техника и фасцинантно длабока емоција“ кој „четири години како најпрефинет соработник настапуваше со врвниот басист Авишаи Коен“.

Си мислиш: „Ју-пиии! Ќе си поминам к’о на Авишај Коен!...“

Испаѓа: Доцни дваесет минути, не свири ни четириесет. Сосе бис. Сè топтан за нецел саат.

Се чувствуваш к’о: "wham-bam-thank-you-ma'am!"

14.11.15

„Три дена во септември“ не е американски филм…

Уф, добар обид за трилер. Баш локален, баш актуелен, баш со нашиов модерен бит во сржта... Башка прв, најпрв по дамнешно истеченото крајно време за современ, непатетичен, непретенциозен, растоварен од „аманети“ македонски филм...


Со исклучок на техничките пропусти и дупките во текот на развојот на настаните, дури би бил и многу добар - арно ама, филм си е цел кога има се’.