8.4.17

„Круг на доблесност“ (при недостаток на оригинален наслов)

Повод: една денешна и една „дамнешна“ дискусија.

Јавната перцепција за демократијата почива врз очекувања за остварување на основните човекови вредности. Нив ги учиме дома - НЕ надвор.

Домот(!) го зачнува моралниот профил со кој излегуваме во општеството. Колку потоа и да се делка и шмиргла, јадрото останува недопрено.

Во систем кој глуми демократија, а всушност е првобитна акумулација на капитал, фрустрацијата од изневерените етички очекувања расте.

Во такви услови, кога редот и поредокот го одржуваат дисбалансот, потребата рамнотежата да се врати со „вратка“ цели да стане стандард.

Каков и да бил домот, каков човек и да одгледал, какво јадро и да успеал тој човек да зачува - потребата е скоро без исклучок заедничка.

Судирот помеѓу двата системи вредности станува неминовен, а „победникот“ ќе ја (ре)дефинира структурата на идниот ред и поредок.

Во тој ред и поредок ќе се формираат сите идни домови и семејства. Тој ќе има пресудно влијание врз моралниот профил на поединецот.


Конечно:

Колку домот влијае врз општеството, толку и општеството влијае врз домот.

Каков домот, такво и општеството.


P.S. Се разбира, ова не е ново.

Напротив.


No comments:

Post a Comment