3.5.17

Легенди на едно faux-пштество

Актуелната „епопеја“ во Собранието на Македонија се’ повеќе ме потсеќа на финалното откровение на главниот лик од "I am Legend" (книгата):





Исечок (2017-05-03, 00:18:58) од статијата на Википедија
за романот „Јас сум легенда“ (1954) на Ричард Метисон:
https://en.wikipedia.org/wiki/I_Am_Legend_(novel)

„Невил“ (ликот) сфаќа дека заразените толку се намножиле што сега во новото општество тој, некогаш нормалниот, е всушност abomination и дека, исто така како и тој нив претходно, станало нормално тие него да го мразат и да сакаат да умре.

Иако во нашиов („кое пусто наше?“...) случај односите не се толку „терминални“ - или барем не се такви двострано - сепак, аналогијата језиво се вклопува.


И сега, прво еден зум-аут па потоа малку умерен „хипстерај“...
Животот ја имитира уметноста, или уметноста го имитира животот?

... а на крајот и рефлексија:
Во вакви услови без дефиниција, репер или стожер од било каков етички или морално препознатлив тип - која би била, всушност, должноста на еден просечен граѓанин кој по природа ги почитува законите, редот и поредокот?


Не. НЕ е јасно.

Да беше јасно некој веќе ќе постапеше така и ефектот од постапката ќе одекнеше. Јавноста ќе го препознаеше, ќе станеше (кхм) вирален, ќе се "умножеше" и, конечно, феноменализираше за некои следни изданија на учебниците по историја...

Затоа - не. НЕ е јасно.

No comments:

Post a Comment