7.3.15

„Република Блогославија“ – билдање на најмладиот мускул на Седмата сила


baner2_mk

Читате солидарен пост за поддршка на истражувањето #Блогометар15.

Во продолжение: опис на истражувањето, идеите, целите, поентата и очекувањата за придобивките кои би ги имале членовите на младата, но растечка и уникатно квалитетна блогосфера на просторот на поранешна СФРЈ, како и самата блогосфера како заедница.

Блогери, како сте?

Секој трет веб-сајт во светот е блог. Тројца од четворица корисници на Интернет редовно читаат блогови. Секој ден се појавуваат околу 3.000.000 блог-објави. Пет од шест „влијателни фаци“ се блогери, а врз нив најмногу влијаат други блогери.

Од 2012 година до денес, податоците за бројот на блогери постојано се менуваат. Ако се земат предвид сите достапни податоци, тогаш денес во светот постојат помеѓу 350 милиони и половина милијарда блогови.

Во моментот кога ќе завршите со читање на текстов, ќе бидат објавени над 20.000 нови блог-објави!
„Блогосферата во земјите од поранешна Југославија се развиваше експоненцијално сè до 2008 година. Во тоа време, имаше дури еден милион членови. Но, денес, за блоговите во регионот знаеме помалку од кога било досега. Блогери, не знаеме како сте, а важно е!“
- изјави Драгана Германовиќ, авторка на овој истражувачки проект.

Не знаеме што ги мачи блогерите, па не пишуваат почесто, дали се чувствуваат сигурно да објават што сакаат, дали имаат поддршка од другарите и кој им врши притисок (доколку има такви); не ја знаеме вкупната бројка на постојни блогови ниту, пак, на кои платформи се поставени, дали блогерите и блогерките се запознаени со своите права и колку често им се загрозени... За блогерите и блогерките сигурно знаеме многу помалку отколку за кој било друг друштвен медиум. А сè додека не го измериме, не можеме да го развиваме. Сè додека не дознаеме каква е состојбата, тешко дека ќе можеме да ја унапредиме блогосферата до нивото на најзначаен медиум во друштвениот онлајн свет, а тоа сигурно би можела да биде!

*****************************************

Блогери, еве што можете да направите за само 15 минути за десетина илјади блогери:

1. Пополнете го истражувањето со кликнување на овој ЛИНК

2. Напишете блог-објава и препорачајте им го истражувањето на оние кои мислите дека би можеле да го пополнат (ТУКА можете да преземете банер, цел текст кој може да го копирате и објавите на својот блог, како и илустрации)

3. Споделето го ЛИНКОТ до истражувањето со пријатели кои се блогер(к)и

4. Споделете го на мрежите линкот до #Blogometar15 со клик на овој ЛИНК

Деталните резултати ќе ги споделиме со сите вас во различни формати, а притоа ќе ја зачуваме анонимноста на секој испитаник. Сите прашања може да ни ги испраќате на blogometar@proceniweb.com Ви благодариме за солидарноста!

baner1_mk


Преостанатите информации, дополнителни детали и поврзани линкови за ова истражување можете да ги најдете на http://proceniweb.com/2015/blogometar15

Ви благодарам за солидарноста.

Заблагодарете си и самите себеси ;)