21.11.14

Чиј ќе биде, всушност, новиот македонски национален авиопревозник?



ВОВЕД

Од средината на јули годинава наваму медиумите во Република Македонија во неколку наврати ја реактуелизираа шпекулацијата (пробниот балон?) од 2010 година дека Туркиш Ерлајнз (Turkish Airlines) е најверојатниот кандидат за национален авиопревозник на РМ.  Повод за веста била извесна одлука за формирање на домашна авиокомпанија која Владата на РМ наводно ја донела во јули.  Истовремено неколку поранешни раководители од раните почетоци на македонскиот авиобизнис идејата ја поддржаа јавно и со ентузијазам, а исто така и ТАВ Македонија (концесионер на аеродромите во Охрид и Скопје) кој, пак, јавно лобираше во корист на именувањето на Туркиш Ерлајнз.