25.12.14

Makedonska airline scena (2): Makedonija već šestu godinu bez nacionalnog avioprevoznika

Претходно радосно информирав дека еминентниот воздухопловен портал "Tango Six" (www.tangosix.rs) почна да објавува на српски јазик анализата со која го отворив овој блог.

Вчера беше објавено второто продолжение:

21.11.14

Чиј ќе биде, всушност, новиот македонски национален авиопревозник?



ВОВЕД

Од средината на јули годинава наваму медиумите во Република Македонија во неколку наврати ја реактуелизираа шпекулацијата (пробниот балон?) од 2010 година дека Туркиш Ерлајнз (Turkish Airlines) е најверојатниот кандидат за национален авиопревозник на РМ.  Повод за веста била извесна одлука за формирање на домашна авиокомпанија која Владата на РМ наводно ја донела во јули.  Истовремено неколку поранешни раководители од раните почетоци на македонскиот авиобизнис идејата ја поддржаа јавно и со ентузијазам, а исто така и ТАВ Македонија (концесионер на аеродромите во Охрид и Скопје) кој, пак, јавно лобираше во корист на именувањето на Туркиш Ерлајнз.